Утрински Весник
Свет

ОН: „Шокантен“ пораст на кршењето на правата на децата во војните

20240612075813 Big 730x400 45.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Насилството врз децата за време на вооружените конфликти достигна „екстремни нивоа“ во 2023 година со „шокантно“ зголемување на сериозните прекршувања, иако податоците за Газа се нецелосни, се вели во годишниот извештај на генералниот секретар на ОН во кој имале увид западни медиуми.

„Во 2023 година, насилството врз децата за време на вооружени конфликти достигна екстремни нивоа, со шокантни 21 процент зголемување на сериозните прекршувања“, се вели во извештајот, кој официјално треба да биде објавен в четврток.

Извештајот ги набројува повредите на правата на децата (под 18 години) во дваесетина конфликтни зони во светот, а во анексот се наведени оние кои се одговорни за овие прекршувања, вклучително и убиени и осакатени деца, регрутирање деца, киднапирање и сексуално насилство. Конкретно, извештајот ја разгледува војната што трае од април 2023 година меѓу суданската армија и паравоените сили.

Завојуваната армија на Судан и паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ) се додадени на „списокот на срамот“ на ОН поради кршење на правата на децата за време на конфликтот.

Извештајот констатира „неверојатен пораст од 480 проценти“ на бројот на сериозни прекршувања на правата на децата во Судан во 2022 и 2023 година.

Можете да прочитате

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност

СЗО: Новиот сој на грип го оптоварува здравството во Европа