Утрински Весник
Свет

ОН: Хуманитарните операции во Мјанмар се отежнати поради оштетување на патиштата и инфраструктурата

Zemjotres Mjanmar 2.jpg

Хуманитарните операции во Мјанмар се отежнати поради оштетените патишта и инфраструктура, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, што вчера го погоди Мјанмар и во кој загинаа 1.644 луѓе, сериозно ја оштети клучната инфраструктура, вклучително и големите мостови и патишта, што го отежнува хуманитарните напори да стигнат до областите на кои им е потребна. Оштетувањето на автопатот Јангон-Нејпидо-Мандалај доведе до прекини во работењето, со пукнатини и деформации на асфалтната површина, поради што автобусите на автопатот престанаа да циркулираат, се вели во соопштението на Канцеларијата на ОН. 


Можете да прочитате

До 15 часот во Унгарија гласале скоро пет милиони луѓе, обвинувања за неправилности

Иранската револуционерна гарда: Непријателите ќе паднат во смртоносни вртлози во Хормуз

Трамп: Можам да го уништам Иран за еден ден