Утрински Весник
Свет

ОН: Целото население на северот на Газа во смртна опасност

20241028112101 Big 730x400 96.webp.webp

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања соопшти дека целото население на северниот дел на Појасот Газа е во опасност од смрт.

– Стотици Палестинци, наводно, се убиени. Десетици илјади се принудени повторно да избегаат. Болниците се погодени, а здравствените работници се уапсени. Засолништата се испразнети и изгорени. Амбулантите се спречени да ги извлечат луѓето од под урнатините. Семејствата се раздвоени, а мажи и момчиња однесени со камиони“, рече вршителката на должност генерален секретар на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итни случаи Џој Мсуја.

Таа, исто така, нагласи дека не смее да им се дозволи на израелските сили да продолжат да дејствуваат во опколената Газа.- Огромното непочитување на основната хуманост и на законите на војната мора да престане, рече Мсуја

Можете да прочитате

Лавров: Путин му ја потврди на Трамп целта за праведно решение во Украина

Повеќе од 160 загинати и 234 исчезнати мигранти на медитеранската рута од почетокот на годинава

Во Италија уапсени припадници на криминална група поврзана со мафијата