Утрински Весник
Магазин

Омилена опсесија на Мадона е сексот, жали за двата брака

Омилена опсесија на Мадона е сексот, жали за двата брака

Мадона е опседната со секс.

dobivaj vesti na viber

Поп иконата – која претходно беше во брак со Шон Пен во 80-тите, а потоа со Гај Ричи од 2000 до 2008 година – во новото видео призна дека жали за двата нејзини брака.

На прашањето која е нејзината моментална омилена опсесија, таа рече: „Секс. И се каам што се омажив. И двата пати“.

Кралицата на попот (64) сними ново видео на нејзиниот канал на „Јутјуб“, насловено Finally Enough Talk: 50 Questions With Madonna, во чест на прославата на нејзиниот нов компилациски албум Finally Enough Love: 50 Number Ones.

На видеото се гледа како оди низ дворот на фарма во мрак и одговара на серија прашања.

Потоа зема купче моркови за да ги нахрани коњите и прашува со поглед кон камерата: „Ве потсетува на нешто?“

Репортерот ја прашува што ја одржува во животот, кое е нејзиното најголемо задоволство, кој е нејзиниот знак во хороскоп, која е причината за нејзината успешна кариера и друго.

На сите прашања, таа одговори: „Секс“.

На други места во видеото – на кое се гледа потпрена на моторцикл или се вози во количка за голф – ја прашуваат која мода ќе ја носи до крајот на животот.

Таа одговара: „Мојот вибратор ѓердан од 24 каратно злато“.

Можете да прочитате

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци