Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Оливера Ливриниќ го претставува својот тим на советници: луѓе со визија, искуство и посветеност кон заедницата

Screenshot 2025 10 08 124247.jpg
300x250 opst2

Кандидатката за градоначалник на општина Бутел, Оливера Ливриниќ со најава на  својот тим на советници за современа, чиста и фер општина. Тимот, составен од стручни, чесни и енергични личности, ја отсликува посветеноста кон вредностите на одржлив развој, социјална еднаквост и транспарентно управување.

„Се кандидирав за градоначалник затоа што верувам дека нашата општина може да биде пример за одржлив развој, модерни услуги и отчетна локална власт. Нашата визија е општина во која секој граѓанин ќе има еднаков пристап до јавните услуги, чиста и безбедна средина и повеќе можности за економски напредок.” изјави Ливриниќ.


Клучните приоритети на програмата:

  • Подобрување на инфраструктурата и локалните услуги;
  • Поддршка за младите, семејствата и локалните бизниси;
  • Грижа за чиста животна средина и нови зелени површини;
  • Зголемена транспарентност и отчетност на општинската власт.

Мојот тим е доказ дека политиката може да биде чесна, отворена и насочена кон луѓето. Ќе работиме со јасен принцип – транспарентност во секој чекор. Секој граѓанин има право да знае како се носат одлуките и каде се трошат јавните пари,” додаде Ливриниќ.

ВИДЕО:

Можете да прочитате

Трајановски: Аеродром ќе биде функционална, транспарентна и услужна општина

Ацевски: Ревизија на сите ДУП-ови во Ѓорче и забрана за градење на висококатници!

Османи во живо на Фејбук пред МРТВ: Јас дојдов на закажана дебата, Изет Меџити избега!