Утрински Весник
Македонија

Оливер Зафировски назначен за директор на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје

20240708165735 Big 730x400 27.webp.webp
Dik 300x250 mk

Оливер Зафировски е назначен за медицински директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје. Докторот ја сподели веста на социјалните мрежи.

– Најпрво би сакал да им се заблагодарам на моите колеги од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје, каде работев повеќе од 30 години и заедно ја изградивме во врвна медицинска институција. Како директор на новото работно место, ќе се залагам за поквалитетни здравствени услуги и третман на пациентите на високо стручно ниво. Верувам дека конечно ќе ја вратиме довербата во нашиот здравствен систем, каде граѓаните ќе се лекуваат по светски стандарди, се наведува во објавата на Зафировски на „Фејсбук“.

Тој го презема директорското место на оваа клиника од доктор Дејан Докиќ.

Можете да прочитате

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената