Утрински Весник
Свет

Олимпискиот педофил: Оставете го моето семејство на мир

Van Del Valde.jpg

И по завршувањето на Олимписките игри во Париз, холандскиот одбојкар на плажа, Стивен Ван де Велде, е главна тема во светските медиуми.

Имено, Ван де Велде е осуден педофил, кој во 2016 година беше осуден на четири години затвор откако призна дека, како 19-годишник, сексуално вознемирувал 12-годишно девојче.

Здруженијата за заштита на правата на жените побараа да му биде забрането да настапи на Олимпијадата, но не дојде до тоа. Беше поведена и онлајн петиција со такво барање. Беа собрани 100.000 потписи, но Ван де Велде, сепак,настапи во Париз.

Исто така, тој не престојуваше во Олимпиското село, туку во приватна хотелска соба, во постојана придружба на тројца телохранители.

Ван де Велде беше елиминиран од Олимписките игри во осминафиналето, со својот соиграч, а сега ѝ се обрати на јавноста пред Европското првенство, каде што ќе настапи.

Си реков дека, можеби, не треба да одам во Париз. Направив ужасно голема грешка пред десет години и морам да научам да живеам со неа. Меѓутоа, морам да кажам дека повредувањето на луѓето околу мене, мојот соиграч, мојата сопруга, моето дете е, едноставно, премногу. Таквите работи ме натераа да се прашам дали вреди сето ова. Ве молам, оставете го моето семејство на мир – порача Холанѓанецот.

Во 2016 година, преку Фејсбук, Ван де Велде стапил во контакт со девојка од Англија, а потоа отишол таму, бил свесен за нејзините години, но се опил и три пати ја силувал. Таа го пријавила во полиција, по што тој беше три години во затвор.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата