Утрински Весник
Спорт

Олимпијакос ја „збриша“ Барса, Партизан со голема победа во Болоња

Олимпијакос ја „збриша“ Барса, Партизан со голема победа во Болоња

Олимпијакос се зацврсти на првото место во Евролигата, откако со 77:70 ја победија Барселона во дербито на 27. коло од елитното европско натпреварување со добивање на двата меѓусебни мечеви со каталонскиот гигант.

dobivaj vesti na viber

По лошата прва четвртина, во која гостите имаа 20:11 предност, Олимпијакос се врати во игра и беше подобриот тим до крајот на мечот за своја 19-та победа оваа сезона. Шек Меккисик со 16 поени, Јанулис Ларенцакис со 15 поени и Саша Везенков со 14 поени беа креатори на големата победа на Олимпијакос.

Повратникот во Евролигата, Партизан, пак, направи голем чекор кон пласман во плејофот, по импресивната 87:79 победа кај Виртус Болоња, додека Басконија приреди изненадување со 85:81 победа над Реал Мадрид во шпанското дерби.


ЕВРОЛИГА, 27.КОЛО

Алба Берлин – Жалгирис 63:66 (14:15, 13:18, 18:11, 18:22)
Олимпијакос – Барселона 77:70 (11:20, 18:7, 21:18, 27:25)
Валенсија – Олимпија Милано 84:88 (21:17, 21:22, 13:26, 29:23)
Виртус Болоња – Партизан 79:87 (26:28, 21:17, 16:20, 16:23)
Реал Мадрид – Басконија 81:85 (22:17, 21:23, 22:22, 16:23)

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина