Утрински Весник
Спорт

Олдриџ ќе го облече дресот на Далас

Олдриџ ќе го облече дресот на Далас

Далас Маверикс се уште не го завршиле составувањето на нивниот амбициозен проект.
По доаѓањето на Кајри Ирвинг пораснаа амбициите на тимот од Тексас, па се подготвува уште едно големо засилување.

dobivaj vesti na viber

Според ESPN, Ол-стар ветеранот Ламаркус Олдриџ ќе игра за Маверикс.

Некогаш еден од најдобрите крилни центри во лигата има 37 години, а ова ќе му биде 17.та сезона во кариерата.

Неговиот последен ангажман беше во Бруклин Нетс минатата сезона, каде имаше просек од 12,9 поени на 47 натпревари.

Олдриџ, кој најдобрите години од кариерата ги помина во Портланд, а потоа играше за Сан Антонио, во својата НБА кариера имаше просек од 19 поени и 8 скока.

Инаку, Олдриџ е роден во Далас.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина