„Договорите на Минск беа обид да се купи време за Киев да ја зајакне армијата“. Ова меѓудругото го изјави во интервју за „Киев Индипендент“ поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, кој беше на функцијата од 2012 до 2017 година.
„Ангела Меркел беше во право. Од 2014 година Украина го зајакнува својот воен потенцијал. Навистина, украинската армија е сосема поинаква отколку во 2014 година. Таа стана подобро опремена и обучена. Киев доби таква можност благодарение на договорите од Минск“ – рече тој.
Оланд истакна дека геополитичката ситуација по 2014 година не и одговара на Украина, а на Западот му е потребен одмор.
Тој е еден од потписниците на Минските договори, заедно со поранешната германска канцеларка Меркел, тогашниот украински претседател Петро Порошенко и сегашниот руски лидер Владимир Путин.
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел на почетокот на декември во интервју за изданието „Cajt“ откри која била целта на договорите од Минск. Според неа, договорите од Минск од 2014 година биле обид да се добие време за Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека изјавата на Меркел е неочекувана за него. Рускиот лидер нагласи дека секогаш претпоставувал дека германските власти се искрени во односот кон Русија.