Утрински Весник
Магазин

Октоберфест: Како да се препознае девојка достапна за додворување?

Gjfjsfj.jpg
Dik 300x250 mk

Октоберфест во Минхен, Германија – можеби најголемиот фестивал на пивото во светот, до 6 октомври се очекува да го посетат околу шест милиони луѓе.

Девојките на настанот обично се во традиционални баварски народни носии, но во малку пократка варијанта, заради поголемо внимание и на „Тикток“, меѓу другото.

И бидејќи женските носии привлекуваат внимание главно кај машкиот дел од посетителите, момите најдоа и начин како да покажат дека немаат или имаат момче – со машничка на својот фустан.

@carischa O’zapft is!!! 🍻🥨🍻 #oktoberfest #oktoberfest2024 #wiesn #wiesn2024 #dirndl ♬ Skandal im Sperrbezirk – Spider Murphy Gang

Имено, ако девојката врзе машна на десната страна, тоа е знак дека е в брак или во врска. А, ако машната е на левата страна, тоа укажува дека е достапна за додворување.

Со оглед на тоа дека модерните врски се разновидни, има и други опции… Ако машната е напред, тоа значи дека е таа во комплицирана врска. А пак, доколку машничката е на грбот – се работи за келнерка, вдовица или обична туристка.

Можете да прочитате

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство

Џонатан Бејли прогласен за „Најсексипилен маж на денешнината“ за 2025 година