Утрински Весник
Економија

ОКТА: Сите наши клиенти добија попуст и истиот е соодветно пресметан во фактурите

Okta ad.webp.webp

ОКТА АД – Скопје потврдува дека претходно најавениот попуст е применет за сите трговци на големо и мало кои набавуваат горива од ОКТА. Оваа придобивка е обезбедена преку кредитни одобренија издадени на 13 март 2026 или директно е пресметана во фактурите за продажба издадени на 16 март 2026, со што се овозможува негова целосна практична примена.

Иницијативата е доброволна и им овозможува на трговците да ја пренесат придобивката на крајните потрошувачи. Сепак, трговците на големо и мало, имаат целосна слобода самостојно да ги одредат своите продажни цени.


ОКТА останува посветена на стабилноста на пазарот, транспарентноста и целосното почитување на постојните договорни рамки.

Можете да прочитате

Цената на нафтата утрово над 114 долари за барел

Намален прометот во индустријата во јануари

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи