Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ внимателен околу саудиските пари во тенисот

Ѓоковиќ внимателен околу саудиските пари во тенисот

Освојувачот на 23 гренд слем титули, Новак Ѓоковиќ смета дека е најважно да се сочува интегритетот на спортот по шпекулациите за саудиски инвестиции во АТП и ВТА турнеите.

dobivaj vesti na viber

Саудиска Арабија во основа ја „презеде“ контролата на голфот, со спојувањето на ЛИВ голф и ПГА турнејата, а исто така се супер-активни во фудбалот, купувајќи повеќе ѕвезди во последните неколку месеци. АТП потврди дека преговарале со Саудискиот јавен инвестициски фонд (ПИФ), а пред Вимблдон, Ѓоковиќ, како основач на асоцијацијата на тенисери ПТПА, беше внимателен околу иднината на спортот.

„Мислам дека тоа е прашање за претседателите на АТП и ВТА турнеите, кои треба да објаснат која е стратегијата и што е најдобро за инината на тенисот. Лично, мислам дека беше само прашање на време кога ќе почнат некакви преговори за да влезат во тенисот. Тоа го направија со речиси сите глобални спортови, можеби освен кошарката. Видовте фудбалерите како одат таму за огромни суми пари. Формула 1 веќе е таму, сите други спортови како голфот“, вели Ѓоковиќ.

Откако во кариерата заработи стотици милиони долари, Ѓоковиќ не е толку загрижен за парите, туку за традицијата и интегритетот на тенисот.

„Тенисот е индивидуален спорт на глобално ниво, најблизок до голфот, и затоа можеме да научиме нешто од нивниот пример, некои позитивни и некои негативни работи. Ако се склучува таков договор, треба да тоа да се направи на начин на кој ќе се заштити интегритетот и традицијата на тенисот, на начин кој ќе биде прифатлив“, додава Ѓоковиќ.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари