Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа

Gokovik.webp.webp

Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.

„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:

„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.

Неговиот настап прoтив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.

Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.

Можете да прочитате

Тежок пад и неизвесен настапот на Линдзи Вон на Олимписките игри

ЕХФ, по бројните критики, го менува распоредот на натпревари

МФМ ги прогласи најдобрите за 2025 година