Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ повторно е број 1, Надал испадна од Топ 100, Ивановски „скокна“ девет места на АТП листата

Ѓоковиќ повторно е број 1, Надал испадна од Топ 100, Ивановски „скокна“ девет места на АТП листата

Новак Ѓоковиќ по победата на Ролан Гарос се врати на првото место на АТП листата. Освојувачот на рекордни 23 грен слем титули, ја започна 388. недела како светски број 1.

dobivaj vesti na viber

Ѓоковиќ е на чело на листата со 7.595 бодови, а од врвот го симна шампионот на Ју-ес опен, Шпанецот Карлос Алкараз, кого претходно го совлада во полуфиналето.
Тоа практично значи дека Новак Ѓоковиќ ќе дојде на Вимблдон како број еден и таму ќе ја започне одбраната на титулата како прв носител.

Алкараз е втор со 7.175 поени, односно 420 поени зад најдобриот.

Данил Медведев падна од втората на третата позиција и има 6.100 бодови, додека финалистот на Ролан Гарос, Норвежанецот Каспер Руд остана на четвртото место и има 4.960 бодови.

Рафаел Надал, кој поради повреда не ја бранеше титулата во Париз, загуби 2.000 поени и испадна од Топ 100. Рафа Надал се наоѓа на 136.место на АТП листата.

Најдобро рабгиран македонски тенисер е Калин Ивановски. Тој напредуваше за девет позиции и се наоѓа на 412 место во светот.

АТП листа

1. Новак Ѓоковиќ 7. 595
2. Карлос Алкараз 7.175
3. Данил Медведев 6.100
4. Каспер Руд 4.960
5. Стефанос Циципас 4.920
6. Холгер руна 4.375
7. Андреј Рубљов 4.000
8. Тејлор Фриц 3.515
9. Јаник Синер 3.330
10. Карен Хачанов 3.125

Можете да прочитате

Вардар се засили и со Димитар Тодоровски

Гвардиола: Манчестер сити е во ризик да не се пласира во ЛШ

Томпсон се искачи на петтото место во историјата на НБА во постигнати тројки