Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ: Надал не е истиот човек на Ролан Гарос

20240524090252 Big 730x400 21.webp.webp
Dik 300x250 mk

Ждрепката за вториот Гренд слем од сезоната, Ролан Гарос ги соочи во првото коло Рафаел Надал и Александар Зверев.

Како бомба одекна веста дека човекот кој 14 пати го освојуваше парискиот Гренд слем ќе се соочи со еден од главните фаворити за титулата како четврти носител на стартот на турнирот.

Иако уште е во Женева, најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ не пропушти да го прокоментира дуелот, откако верува дека тоа ќе биде спектакуларен натпревар.

-Целосен спектакл. Едвај чекам да го гледам тој натпревар. Ќе биде интересно. Зверев е во одлична форма, го освои турнирот во Рим. Но, на Ролан Гарос, Рафа не е истиот човек. И веќе се навикнавме, па ќе биде интересно да видиме што ќе се случи, изјави Ѓоковиќ.

Зверев и Надал се во иста половина од ждрепката со Новак Ѓоковиќ, па во полуфиналето е можен меч меѓу бранителот на титулата и победникот од ова големо дерби.

Можете да прочитате

Дербито Шкендија – Вардар го комплетира 10. коло во ПМФЛ

Таткото на Јамал застана во одбрана на својот син

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите