Утрински Весник
Спорт

„Ѓоковиќ е мојот најголем ривал“

„Ѓоковиќ е мојот најголем ривал“

Вториот тенисер во светот Рафаел Надал, во пресрет на завршниот Мастерс во Торино, изјави дека Новак Ѓоковиќ е неговиот најголем ривал во кариерата.

dobivaj vesti na viber

Многу љубители на тенисот, вклучително и новинари, обично ги издвојуваат Рафа и Роџер како „најдобри досега“, а најмногу се игнорира фактот дека Новак Ѓоковиќ освои 21 Грен слем, соборувајќи бројни рекорди.

„Мојот најголем ривал е Новак Ѓоковиќ. На крајот на краиштата, тој е човекот кој е најблиску до мојот број освоени Грен слем трофеи. Од сите мои ривали, најопасен, без сомнение, е Новак“, призна Надал.

Тие ќе имаат можност повторно да се сретнат на завршниот турнир, со што би додале уште едно поглавје во антологиското ривалство.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина