Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ: Да не бев од Србија, одамна ќе ме креневте до небото

Ѓоковиќ: Да не бев од Србија, одамна ќе ме креневте до небото

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше на прес-конференција по освојувањето на четвртата титула на Ју-ес опен.

dobivaj vesti na viber

Во финалето Ѓоковиќ го победи Данило Медведев со 3:0 во сетови и со тоа му се одмазди за поразот од 2021 година.

Интересен одговор Ѓоковиќ даде на прашањето дали се смета себеси за еден од најголемите спортисти на сите времиња.

„Тоа вам ви оставам вам и на сите други, без разлика дали сум или не, дали заслужувам да бидам дел од таа дискусија. Да не бев од Србија, пред многу години ќе бев кренат до небото на спортски план…особено во западниот свет. Тоа е дел од моето патување, благодарен сум што доаѓам од Србија, ми дава верба и надеж, уште послатко е и ме исполнува, а вие пишувајте што мислите“.

Ѓоковиќ од денес се врати на првото место на АТП листата. Српскиот тенисер ја започна 390. недела како светски првој 1.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија