Утрински Весник
Свет

Околу 75.000 американски федерални вработени ја прифатиле понудата за отпремнина

20250213075035 Big 730x400 70.webp.webp

Околу 75.000 американски федерални вработени го прифатија пакетот за отпремнина предложен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на американската Канцеларија за човечки ресурси.

Отпремнините е еден од начините на кои Трамп бара да го намали бројот на федерални вработени, што изнесува вкупно 2,3 милиони и кој тој го смета за неефикасен.


Изворите велат дека Трамп планира да отпушти до 70 отсто од персоналот во одредени владини агенции.
Федерален судија во средата ја одобри способноста на администрацијата на Трамп да спроведе програма за отпремнина за федералните вработени. Окружниот судија Џорџ О’Тул во Бостон го одби барањето на синдикатот за блокирање на програмата.

 Синдикатите, кои претставуваат повеќе од 800.000 федерални вработени, нагласуваат дека програмата е нелегална.

Синдикатите ги повикаа своите членови да не ги прифаќаат понудите за отпремнина, со образложение дека на Трамп не може да му се верува дека ќе го почитува договорот.
Понудата имплицира дека на вработените ќе им бидат исплатени целосните плати и бенефиции до октомври без да мора да работат.

Можете да прочитате

Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска

Денес е Светски ден на радиото

Автомобил влета во група луѓе во Минхен, најмалку 15 повредени, возачот уапсен