Утрински Весник
Македонија

Околу 50 училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи

Solarni Kolektori.jpg

Педесетина училишта во државава ќе ја подобрат енергетската ефикасност преку инсталирање соларни фотоволтаични системи, за што, денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпишаа договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра. 

– Училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија. На овој начин, тие ќе дадат дополнителен придонес кон заштитата на животната средина, а ќе заштедат и средства кои ќе можат да се реалоцираат во унапредувањето на условите за настава, соопшти МОН. 

На потпишувањето на договорот за овој проект одобрен преку Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, Јаневска изразила благодарност до Банката за развој при Советот на Европа за континуираната поддршка на државата во унапредувањето на инфраструктурните услови во областа на образованието. 

Министерката Јаневска изразила очекувања дека соработката во насока на достигнување на европските стандарди за квалитет, ќе продолжи и во иднина. 

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Стокомак објави колкав К-15 ќе исплати годинава – Го надмина и КАМ маркет