Утрински Весник
Свет

Околу 5.000 луѓе протестираа против владата на Словачка, за која критичарите велат дека премногу се приближила до Русија

20240313084411 Big 730x400 3.webp.webp

Илјадници луѓе во вторникот излегоа на улиците на словачкиот главен град Братислава за да и покажат поддршка на Украина и да протестираат против словачката влада, за која критичарите велат дека премногу се доближила до Русија.

Владата на премиерот Роберт Фиц предизвика вознемиреност меѓу критичарите откако ја презеде власта во октомври минатата година, со силни критики за европската воена помош за Украина и напорите за обновување на руските врски, и културни и политички.

Последниот пример се случи овој месец кога словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар разговараше со неговиот руски колега Сергеј Лавров, ретка средба на високо ниво меѓу земја членка на ЕУ и земја која ЕУ се обиде да ја изолира.

„Луѓето во Украина го слушаат ова секој ден“, рече организаторот на протестот Михал Хворецки пред насобраните додека протестот започна со звукот на сирените за воздушен напад.

„Тука сум затоа што акциите на оваа владина коалиција ги преминуваат сите граници“, рече Хворецки од говорницата на која до знамињата на Словачка, Украина, Европската унија и НАТО беше закачена табла со која Русија се нарекува „терористичка држава“.

„Не ми се допаѓа насоката по која оди нашиот премиер по изборите. Ние сме дел од западот“, рече Роман, 45-годишен информатичар кој се приклучи на протестот во вторникот. 

Фицо ја брани „урамнотежената и суверена“ надворешна политика на неговата влада и вели дека нема воено решение за конфликтот во Украина, кој трае повеќе од две години од руската инвазија.

Министерот за надворешни работи Бланар, исто така, ја бранеше средбата со Лавров на 2 март, за која рече дека е на барање на руската страна, велејќи дека е потребно дипломатско решение. 

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд