Утрински Весник
Свет

Околу 200 затвореници нападнаа чувари во затвор во Калифорнија, девет лица повредени

Zatvor 960x614 1.jpg

Осум полицајци и еден затвореник се повредени во бунт во затвор во јужна Калифорнија во кој учествувале околу 200 затвореници, соопштија денеска локалните власти.

Повредените првично биле пренесени во болница надвор од затворот, но подоцна биле вратени, но детали за степенот на нивните повреди не се познати.

Досега се идентификувани 30 затвореници како директно инволвирани во немирите кои, како што информираат од Калифорнискиот казнено-поправен оддел, избувнале вчера околу 10 часот кога околу 200 затвореници во дворот на затворот се упатиле кон полицајците и ги нападнале со тупаници и камења, додека чуварите се обиделе да совладаат еден од затворениците кој претходно со глава удрил затворски службеник.

Полицијата испукала неколку предупредувачки истрели од пушка, а потоа употребила и „хемиски агенси и несмртоносни ударни куршуми“ за да ги држи немирите под контрола, се додава во соопштението.

Околу 2.500 машки затвореници престојуваат во Ајронвуд, кој е минимално и средно обезбеден затвор во пустината источно од Лос Анџелес. 

Можете да прочитате

Околу 18.000 Сиријци се вратиле дома од Јордан, по падот на Асад

Во Украина пристигаат германски тенкови „Леопард“

Банкротираше компанијата што ги произведува амблемите на Мерцедес