Утрински Весник
Спорт

Јокиќ во 2026 ќе потпише договор за 404 милиони долари

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да го добие најголемиот договор во НБА во 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Центарот на Денвер Нагетс го предводеше својот тим до титулата во НБА оваа сезона, каде што беше прогласен за МВП на финалната серија.

Во моментов тој го одработува петгодишниот договор вреден 276.122.630 долари.

Според американските новинари, Никола Јокиќ следниот договор би требало да го потпише во 2026 година, а вкупната вредност на тој договор би можела да биде над 400 милиони долари, со што би биле срушени сите рекорди во НБА.

НБА аналитичарот на Ен-би-си спорт, Курт Хелин го напиша следново во својата анализа:

„Никола Јокиќ без сомнение е најдобриот кошаркар кој чекори по земјата во моментов. Тој го продолжи договорот вреден 274 милиони долари пред почетокот на минатата сезона. Сепак, благодарение на неговата играчка опција, летото од 2026 година би можел да го потпише првиот договор од 400 милиони долари како продолжување на сегашниот договор. Доколку се случи тоа за пет години ќе добие за 404 милиони.Тие пари Јокиќ би ги добил без разлика дали ќе освои уште една титула или ќе биде МВП, бидејќи ќе има 10. годишен стаж во лигата.“

Пред Јокиќ следната година Јанис Антетокунмпо треба да потпише договор вреден 334 милиони долари, по него супермакс договори треба да потпишат и Џејсон Тејтум, Џоел Ембиид и Лука Дончиќ кои би можеле да потпишат договори вредни 367 милиони.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност