Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Јокиќ со трипл-дабл го урна шампионот Голден Стејт

Јокиќ со трипл-дабл го урна шампионот Голден Стејт
300x250 opst2

Кошаркарите на Денвер го совладаа Голден Стејт на гости (128:123), предводени од фантастичниот Никола Јокиќ. Со првиот трипл-дабл сезонава, српскиот центар ги предводеше Нагетс до првата победа сезонава, и тоа на теренот на актуелните НБА шампиони.

dobivaj vesti na viber

Јокиќ за 34 минути на паркетот имаше ефект од 26 поени, 12 скока, 10 асистенции.

Одличниот Стеф Кари не беше доволен за победа на Вориорс. Тој постигна 34 поени, имаше и пет скока и четири асистенции.



Бруклин го совлада Торонто со 109:105. Кајри Ирвинг со 30 и Кевин Дурент со 27 поени го предводеа тимот до победата.

Бостон го победи Мајами на гостински терен со 104:111. Џејсон Тејтум со 29 поени и Џејлен Браун со 28 поени беа лидери во победничкиот тим.

Резултати: Шарлот – Њу Орлеанс 112:114, Индијана – Сан Антонио 134:137, Вашингтон – Чикаго 102:100, Атланта – Орландо 108:98, Бруклин – Торонто 109:105, Мајами – Бостон 104:111, Њујорк – Детроит 130:106, Хјустон – Мемфис 122:129, Минесота – Јута 126:132 (по продолжение), Голден Стејт – Денвер 123:128, Портланд – Феникс 113:111.

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг