Утрински Весник
Спорт

Јокиќ прв во НБА историјата со најмалку 150 поени и по 50 скока и асистенции 

Untitled 6.jpg

Денвер Нагетс со ужасен финиш си дозволија пораз кај Минесота во реприза на минатогодишното нивно соочување во полуфиналето на плеј-офот. „Волците“ славеа со 119:116. Едвардс ги постигна решавачките поени, Гобер на 10 секунди до крајот реализираше две слободни фрлања, а потоа успеа доволно да му попречи на Јокиќ кој не успеа да избори продолженија.

Јокиќ го заврши натпреварот со 26 поени (8-16 од поле), 9 скока и 13 асистенции, Арон Гордон имаше 31 поен и 11 скока, Мајкл Портер Јуниор исто така постигна 31, а Џамал Мареј имаше 6 пред да ја напушти играта во третиот период по судирот со Рендл.

Јокиќ стана првиот играч во историјата кој забележал најмалку 150 поени и по 50 скока и асистенции во првите пет натпревари од сезоната.

„Мислам дека имавме осум поени предност во последните три-четири минути, но не ги реализиравме добро нападите, практично ги промашив сите мои шутеви во последните две-три минути. Дадоа лесни поени, стигнаа до отворени позиции. Овој пораз е моја одговорност, морам подобро да ги вклучам соиграчите. Лош финиш за мене“, изјави Јокиќ.

„Волците“ ги предводеше Едвардс со 29 поени (11-23 од поле), Џулиус Рендл додаде 23 поени, а Гобер 17 поени и 14 скока.

Резултати:

Шарлот – Бостон 109:124
Кливленд – Орландо 120:109
Детроит – Њујорк 98:128
Атланта – Сакраменто 115:123
Бруклин – Чикаго 120:112
Торонто – ЛА Лејкерс 125:131
Њу Орлеанс – Индијана 125:118
Портланд – Оклахома 114:137

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига