Утрински Весник
Спорт

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

1738393878 nikola jokic.jpg

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е прогласен за најдобар играч во НБА од страна на кошаркарски експерти.

ESPN“ спроведе анкета меѓу тренери, скаути и раководители низ целата лига. Тие веруваат дека 30-годишниот Србин е најдобриот играч во НБА и водечки кандидат за наградата за најкорисен играч на сезоната.


Шеј Гилџус-Александар од Оклахома Сити тандер се пласираше на второто место, додека Лука Дончиќ од Лос Анџелес лејкерс ги заокружи првите тројца.

Во сезоната 2024-25, Јокиќ одигра 70 натпревари и имаше просек од 29,6 поени, 12,8 скока и 10,2 асистенции по натпревар.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026