Утрински Весник
Спорт

Јокиќ нема да биде суспендиран, доби парична казна

Јокиќ нема да биде суспендиран, доби парична казна

Играчот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ не е суспендиран поради туркањето на сопственикот на Феникс Санс, Мет Ишбија, за време на четвртиот натпревар од полуфиналето на НБА плејофот.

dobivaj vesti na viber

Новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, објави дека најдобриот играч на Денвер нема да биде суспендиран на петтиот натпревар и дека е казнет парично со 25.000 долари.

Во соопштението на лигата се вели дека „Никола Јокиќ е казнет со 25.000 долари за несоодветен контакт со гледач кој седел покрај теренот“.

Во првото полувреме од натпреварот против Санс во Феникс, Јокиќ му ја заде топката од рацете на сопственикот на Санс, Ишбија, при што заработи техничка грешка. Јокиќ на Нагетс се обиде да одигра брз напад, но Ишбија го спречи во тоа.

Јокиќ по мечот изјави дека „навивачот прв ја ставил раката врз него“, а на прашањето дали знае за кого се работи, тој рече:

„Но, тој е навивач, нели? Седењето крај теренот значи дека е навивач. Тој не може да влијае на играта, треба да биде исклучен ако влијае на играта“.

Ишбија во својата изјава, веднаш по натпреварот, рече дека Јокиќ не треба да биде суспендиран.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ