Утрински Весник
Спорт

Јокиќ: Ќе зборувам за рекорди на крајот од кариерата

20241206103043 Big 730x400 84.webp.webp

Никола Јокиќ одигра одлично против Кливленд, но Денвер сепак беше поразен во синоќешниот дуел од НБА Лигата.

Тој успеа да забележи нов „трипл-дабл“ и да постави рекорд, а зад себе да го остави славниот Меџик Џонсон, но и тоа не беше доволно за победа.

Српскиот кошаркар го забележа 139. трипл-дабл во кариерата.

-Тоа е нешто за што ќе разговараме кога ќе ја завршам кариерата, сега не гледам на тоа. Дефинитивно е одлично, многу убава работа, порача Србинот по мечот.

Со одличниот настап против Кливленд, Јокиќ стана играчот кој најбргу стигнал до 500 поени, 200 скока и 150 асистенции во една сезона во НБА. Му беа потребни само 20 натпревари.

Можете да прочитате

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС Oпен

Македонските борачи обезбедија две финалиња на Медитеранските игри