Утрински Весник
Македонија

Охридските средношколци утре на мирен марш за загинатите во несреќата во Кочани

Ohrid1 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Учениците од четирите охридски средношколски установи утре ќе се приклучат на маршот организиран на повик на Сојузот на средношколци на Македонија.

Според најавите, учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во 9:05 часот ќе се упатат кон улицата „7-ми Ноември“, од РЦСОО „Ванчо Питошески“ ќе се упатат кон Кејот „Македонија“, додека средношколците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ ќе тргнат по улицата „Димитар Влахов“, за заедно со нивните колеги од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ преку охридската чаршија да се упатат кон Градскиот плоштад каде што ќе се оддаде почит на жртвите во несреќата во Кочани.


Како што беше најавено од Сојузот на средношколци на Македонија, повикот за мирен марш е да се оддаде почит на прерано згаснатите животи во несреќниот случај во Кочани.

Од ученичката заедница во Охрид во најавата за настанот се повикуваат учениците да се придржуваат кон предвидениот протокол, а маршот да не ескалира во протест.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари