Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Охрид се гуши во екот на туристичката сезона, депонијата Буково се’ уште гори

Охрид се гуши во екот на туристичката сезона, депонијата Буково се’ уште гори
Img 7972

И денеска продолжија напорите за гаснење на пожарот на депонија Буково, каде што се исфрла комуналниот отпад од Охрид.

dobivaj vesti na viber

Непријатната миризба се чувствува во градот, кој е во екот на својата туристичка сезона, а граѓаните се жалат дека градот мириса неподносливо.

Екипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ информираа дека продолжуваат со активностите за гаснење на огнот, а со специјална механизација опожарениот терен се покрива со големи количини земја.

Пожарот изби на 29 јули, во саботата во попладневните часови кога, како што објавија „Охридски комуналец”, непознато лице го подметнало на депонијата. По два дена повторно бил подметнат нов пожар, овојпат на сосема друга страна.

Поднесена е пријава.

Можете да прочитате

Бугарски медиум: ВМРО-ДПМНЕ се издржува со пари од Бугарија и сомнителни бизниси во Струмица

Полски државјанин уапсен во Скопје – Полицијата со детали

Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка