Утрински Весник
Македонија

Охрид: На сила забраната за изведување градежни активности во центарот и летен режим на сообраќај

Ohrid Coast.jpg

Согласно одлуките на локалната власт во Охрид од денеска стапува на сила забраната за изведување градежни работи во централното градско подрачје во текот на туристичката сезона. Забраната ќе биде на сила до 31 август.

– Забраната се однесува на просторот јужно од булеварот „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан и на туристичките локалитети од каналот Студенчишта до Свети Наум“, информираат од Општина Охрид.

Од викендот стапи на сила и летниот режим на сообраќај во Стариот дел на градот, со временско ограничување на движењето на моторни возила.

Согласно донесената одлука на Општина Охрид, а на барање на УНЕСКО за ограничување на бројот моторни возила низ старото градско јадро, влез со моторни возила ќе биде дозволен само со посебни пропусници што се издаваат на жителите на Стар град и на станоиздавачите од тој дел на градот кои поседуваат сопствени паркинг-места.

За таа намена се издадени околу илјада пропусници, од кои дел се за службени возила, како и картички со ограничено времетраење, за дотур на стоки.

Влезот во Стариот дел на градот е ограничен со поставени рампи, при што влез ќе биде дозволен само со соодветни картички, додека Градскиот плоштад, покрај за поминување, ќе се користи како паркиралиште само со картичка за наплата на времено паркирање. Минувањето низ плоштадот со возила ќе биде целосно забрането во периодот од 20 часот до пет часот наутро.

Можете да прочитате

СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ

146 санкционирани возачи во Скопје

Денес и утре (четврток) променливо и свежо во Македонија со повремено засилен северен ветер – Особено во западните предели и со локален пороен дожд