Утрински Весник
Македонија

Охрид ќе добие 3,5 милиони денари за проект за затворање на нестандардната депонија „Буково“

Ohrid1 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Општина Охрид ќе добие 3.418.650 денари, средства наменети за изработка на техничка документација за депонијата „Буково“.

Станува збор за средства обезбедени преку проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, што се реализира преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со финансиска поддршка на Амбасадата на Шведска, Бирото за регионален развој и во партнерство со Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС.


Како што појаснуваат од Општина Охрид, средствата ќе бидат наменети за изработка на урбанистички и основен проект за затворање, рехабилитација и понатамошна грижа за некласифицираната и нестандардна депонија „Буково“.

Со оваа поддршка се подобруваат општинските капацитети за имплементација на инфраструктурни проекти во насока на интегрирано планирање на локалниот развој и заштита на животната средина.

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје