Утрински Весник
Македонија

„Охрабрете се, не плашете се“, Маричиќ со порака до партиите за да учествуваат во уставните измени

Маричиќ: Очекуваме одобрување на нови проекти во енергетиката со вкупна вредност од 61,9 милиони евра

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, ги повика партиите да земат учество во работната група за уставните измени. Тој не кажа кои професори ќе земат учество, ниту кој претставник ќе биде предложен од Секретаријатот за европски прашања. Од владината говорница испрати и порака до партиите, кои рекоа дека немаат во план да седнат на маса за промената на Уставот.

dobivaj vesti na viber

„Не гледам причина која било партија да земе учество во тој процес. Ние ќе се трудиме да ги убедиме да учествуваат во тој формат. Кој потврдил, а кој не, треба да каже Министерството за правда. Се разговараше со повеќе експерти, мислам дека дел се спомена во јавноста. Сè уште некои немаат официјално потврдено или официјално добиено покана. Тоа се неформални разговори. Имаме квалитетна група на експерти и претставници на политички партии. Ова прашање порано или подоцна ќе дојде во Собранието и политичките партии ќе треба да се изјаснат. Многу логично е прашањето зошто валидно да се споделуваат ставовите на прес-конференции, а тие тие ставови е тешко да се разговараат во работната група?“, рече Маричиќ.

Тој им порача на сите партии да се охрабрат.

„Ние никогаш не сме имале исти мислења, но сме доаѓале во работна група во која подетаљно, попрофесионално, па и пожестоко ги коментираме за да дојдеме до заедничко решение. Поодговорно и попрактично е сите политички партии да земат учество. Да не се плашат, еве јас би ги охрабрил да не се плашат, бидејќи јавно ги изнесоа ставовите, па тие ставови да ги изнесат во работната група и да видиме дали може да дојдеме до едно заедничко решение, македонски модел за и овие три заедници да влезат во Уставот“, додаде Маричиќ.

Можете да прочитате

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари

Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален