Утрински Весник
Свет

ОХЦХР: Палестински затвореници мачени и малтретирани во израелските затвори

20240731095718 Big 730x400 63.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (ОХЦХР) денеска објави извештај во кој се тврди дека палестинските затвореници во израелските затвори се мачени и малтретирани.

Во извештајот се наведува дека во израелските затвори има повеќе од 9.400 затвореници, од кои некои се држат во тајност, без пристап до адвокати и без почитување на нивните законски права, и дека многумина се изложени на електрошокови, забрана за спиење и други форми на тортура и лошо постапување.

Извештајот, што се темели на интервјуа со поранешни затвореници и други извори, го осудува „неверојатниот број на затвореници“, вклучувајќи мажи, жени, деца, новинари и бранители на човекови права… заклучувајќи дека таквите практики предизвикуваат загриженост за политиката на произволно притворање.

-Сведоштвата собрани од мојата Канцеларија укажуваат на низа ужасни дејствија, како што се мачење со вода и пуштање кучиња врз затворениците, што се примери на флагрантно кршење на меѓународното право, човековите права и меѓународното хуманитарно право, рече претседателот на ОХЦХР, Волкер Турк.

Наодите од извештајот би можеле да ги користат обвинителите на Меѓународниот кривичен суд кои ги истражуваат злосторствата извршени во врска со нападите на 7 октомври и нивните последици, вклучително и израелската воена кампања во Газа.

Можете да прочитате

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност

СЗО: Новиот сој на грип го оптоварува здравството во Европа