Утрински Весник
Свет

Огромен пожар беснее во Шпанија: евакуирани над 4 илјади лица, на терен и армијата

Огромен пожар беснее во Шпанија: евакуирани над 4 илјади лица, на терен и армијата

Поради големиот шумски пожар во Шпанија на Канарските острови, досега се евакуирани 4.255 лица, а 400 припадници на различни служби се на терен и се борат со пожарот.

dobivaj vesti na viber

Пожарот избувнал вчера утрото и веќе проголтал најмалку 4.500 хектари шума и десетина куќи, јавуваат шпанските медиуми.

Фернандо Клавихо, претседател на регионалната влада на Канарските Острови, рече дека има отпор кога станува збор за напуштање на домовите, но дека приоритет мора да биде спасувањето животи.

„Прво доаѓаат луѓето, па куќите, па гаснењето на пожарот“, рече тој.

Пожарот избувна во областа Ел Пинар во северозападната општина Пунтагорда, пред да се прошири на југ кон градот Тихарафе.

Клавијо на ветерот го препишува брзото ширење на пожарот, климатските услови и топлотниот бран што ја зафати Европа.

Шпанската армија распореди 150 свои пожарникари, а наскоро се очекува да пристигне уште една единица.

Црвениот крст формираше објект за помош на евакуираните.

Можете да прочитате

Пет загинати и десетина повредени во автобуска несреќа на автопат во Њујорк

Данска ќе дозволи употреба на вештачка интелигенција на завршните испити во средно училиште

Михал: Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина