Утрински Весник
Македонија

Ограбиле хендикепирана жена, која требало да си купи лекови – тројца малолетници искористени за кражба

Ограбиле хендикепирана жена, која требало да си купи лекови – тројца малолетници искористени за кражба

Тројца малолетници биле искористени за кражба од страна на 74-годишно лице. Тие ограбиле хендикепирана жена, која со парите требало да си купи лекови, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување постапка против едно лице на возраст од 74 години за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот делото го сторил во соизвршителство со три деца на возраст од 15, 13 и 17 години за кои ќе се води постапка во согласност со Законот за правда на децата.

Сите заедно со употреба на сила врз една оштетена одзеле од неа парични средства во износ од 30.000 денари.

Кога осомничениот добил сознанија дека жртвата – лице со хендикеп и ограничено движење добила парични средства од ќерка ѝ за да купи лекови, тој ги договорил трите деца и со автомобилот ги донел во близина на нејзината куќа на улицата Патрис Лумуба во Скопје.

На едно од децата му дал чекан во раката, им дал усни насоки како да го извршат делото и им го кажал местото на кое жртвата ги чува парите. Трите деца влегле во домот преку вратата, која возрасниот осомничен претходно ја оставил отклучена употребувајќи го клучот што оштетената му го доверила. Кога ја пресретнале жртвата, едно од децата ѝ ја затворило устата, а другите две ѝ ги држеле рацете. Ѝ го одзеле паричникот во која ги чувала парите и веднаш избегале со возилото во кое ги чекал осомничениот.

Поради можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците и опасност осомничениот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за полнолетниот осомничен.

За децата постапката е раздвоена, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје