Утрински Весник
Македонија

Ограбена стоматолошка ординација во Гостиварско, крадците фатени

Ограбена стоматолошка ординација во Гостиварско, крадците фатени

Полицијата приведе 27-годишник и малолетно дете за кражба на стоматолошка ординација во селото Неготино, Гостиварско.

dobivaj vesti na viber

Кражбата била извршена на 8 март, а крадците фатени веќе следниот ден, велат од полицијата.

„Приведениот 27-годишен Ф. Х. и малолетникот се сомничат дека извршиле тешка кражба во магацин на стоматолошка ординација во селото, сопственост на И. Х. (62). Кај Ф. Х. биле пронајдени и одземени дел од предметите што потекнуваат од кражбата“, велат од МВР.

Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

Можете да прочитате

Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, одлуката за иницирање постапка за негово исклучување е донесена со консензус

МНР: За денеска е предвиден трет лет од ОАЕ за евакуација на македонските државјани 

Притвор за 46-годишен скопјанец за измама со лажна сообраќајка во странство