Утрински Весник
Свет

Официјален Техеран предупредува на можни одмазнички мерки по нападот врз иранската Амбасада во Дамаск

Screenshot 2024 04 01 204932.png

Иран предупреди на можни „реципрочни мерки“ по израелските напади врз иранската амбасада во Дамаск, во кои најмалку пет припадници на Иранската револуционерна гарда, меѓу кои и еден командант, биле убиени, јави Си-Ен-Ен.

Во вчерашниот напад на иранската амбасада во Сирија, за кој Техеран и Дамаск тврдат дека е изведен од Израел, загинаа двајца ирански генерали и петмина офицери. Невладината сириска Опсерваторија за човекови права, соопшти дека во нападот загинале осум лица, вклучително и петмината припадници на Револуционерната гарда.

„Иран го задржува правото да преземе реципрочни мерки и ќе одлучи каков одговор и казна да примени за агресорот“, рече изјави синоќа портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Насер Канани.

Иранското МНР вчера ја повика меѓународната заедница да даде „сериозен одговор“ на израелските напади врз иранската амбасада во Дамаск. Шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир Абдолахиан во телефонски разговор со својот сириски колега рече дека воздушниот напад врз анексот на иранската амбасада во Дамаск е кршење на сите меѓународни обврски и конвенции и ја истакна потребата од сериозен одговор од страна на меѓународната заедница на вакви криминални дејствија, соопшти иранското Министерство.

Сириското Министерство за одбрана соопшти дека „израелскиот непријател“ извршил воздушни напади врз иранската амбасада во Дамаск, каде има повеќе загинати и повредени. Како што се наведува, погодениот анекс на амбасадата е целосно уништен.

Сирискиот министер за надворешни работи Фајсал Мекдад го осуди „грозоморниот терористички напад“ во кој, како што рече, беа убиени „голем број невини луѓе“.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години