Утрински Весник
Македонија

Одземени две возила во Кичево, уапсени две лица

Liseni od sloboda dvajca vozaci vo veles i kavadarci upravuvale vozila so brzina pogolema od dozvolenata i pod dejstvo na alkoxol image.jpg

На 14.03.2026 година во 14.45 часот, на булеварот „Ослободување” во Кичево, лишен од слобода е Н.К..(47) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Пежо” со кичевски регистарски ознаки кое тој го управувал и притоа, констатирале дека лице против него, претходно била изречена мерка – Забрана за управување на моторно возило од „Б” категорија односно, управувал моторно возило за време на изречена забрана. По налог на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.03.2026 година во 15 часот, на булеварот „Ослободување” во Кичево, лишен од слобода е Н.Ц.(31) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „БМВ” со кичевски регистарски ознаки кое тој го управувал и притоа, констатирале дека лице против него, претходно била изречена мерка – Забрана за управување на моторно возило од „Б” категорија односно, управувал моторно возило за време на изречена забрана. По налог на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Можете да прочитате

Брачен пар физички нападнат во подземна гаража во Центар

Левица: Стотици млади правници оставени во неизвесност поради партиски препукувања

Во последните 24 часа седум пријави за семејно насилство во повеќе градови