Утрински Весник
Македонија

Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

20250715151343 big 730x400 64 e1752589307157.webp.webp

Одрони од земјиште и карпи се појавија на неколку делници од регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица како резултат на обилните врнежи кои денес попладне зафатија дел од Пијанечкиот регион.

Најзафатени се коловозите после селото Очипала и околу месноста Баткова Чешма, каде одроните привремено се наоѓаат на самиот пат попречувајки го движењето на возилата.


-Екипите на јавното претпријатие за одржување патишта се на терен и интервенираат на местата каде има најголеми наслаги од земја и камења. Се работи интензивно за целосно расчистување во најкус можен рок“, информираат од надлежната институција.

Граѓаните кои се затекнале на патот апелираат за внимателно возење, а ризикот од нови одрони останува висок поради натопеното тло.

Можете да прочитате

Протест против загадувањето од цементарницата Усје

Две телефонски измами врз повозрасни лица во Штип

Мицкоски ја осуди пресудата против новинарката Љиридона Вејсели