Утрински Весник
Македонија

Одрони и помали свлечишта од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин

T 6.webp.webp

Поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар наместа има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин, соопшти ЈП Македонијапат.

Кај наплатна станица Желино поради големи колчини на вода на самата рампа сообраќајот се одвива споро што доведува до создавање колони.

Од ЈП Македонијапат апелираат до учесниците во сообраќајот крајно внимателно да управууват со возилата, како и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.

Екипите на ЈП Македонијапат се на терен и работат на расчистување на критичните места и нормализација на сообраќајот.

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор