Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Одмор за Меси? Па тој пешачи во текот на целиот натпревар“

„Одмор за Меси? Па тој пешачи во текот на целиот натпревар“
300x250 opst2

На социјалните мрежи се појави интересен коментар на поранешен американски репрезентативец за Лионел Меси.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за 53. годишниот Алекси Лалас, кој во кариерата одиграл 96 настапи во дресот на американската репрезентација и постигна 10 голови.

Меси одигра 120 минути на натпреварот во средата вечерта меѓу Интер Мајами и Синсинати, по што тренерот на клубот од Флорида, Тата Мартино, предложил внимателно да ја дозира минутажата на аргентинската ѕвезда поради насобраниот замор.

Тренерот ова го изјави во пресрет на првиот натпревар на Меси во МЛС лигата оваа сабота, против Њујорк Ред Булс.

„Редуцирана минутажа? Па, Меси оди во поголемиот дел од натпреварот. А Меси секогаш оди, се до моментот кога не е време за пешачење“, напиша Лалас на Твитер, со што предизвика низа реакции.

Многумина сметаат дека со овој коментар Лалас го доведува во прашање квалитетот на американскиот фудбал, на што тој едноставно одмавна со раката.

Инаку, овој коментар дојде веднаш откако тој го пофали настапот на Аргентинецот во Интер по неговото пристигнување во Мајами.

„Возот на Меси во Мајами ја продолжува својата серија. Осум натпревари, 10 гола, без пораз, а го одведе тимот до трофеј и две финалиња“, напиша Лалас.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица