Утрински Весник
Македонија

Одлучен „Титаник“ на Апелација: Сите условни казни, за Миле Јанакиески – затвор

Јанакиески усно казнет со 3 години, а на писмено добил 3,6 години за „ТНТ“: Фалат 248 докази, има пропусти, не се знае кој е оштетен

Апелација преиначи дел од казните за обвинетите во предметот „Титаник“, а дел и ги потврди. За Мартин Протуѓер останува условната осуда, за Миле Јанакиески се намалува казната за девет месеци и сега ќе треба да одлежи 3,6 години. Гордана Јанкуловска сега добива условна осуда наместо 2,5 години казна затвор. Мунир Пепиќ исто добива условна осуда наместо една година затвор.

dobivaj vesti na viber

Пресудата на Апелација е напишана на 29 страници.

Обвинетите беа гонети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Освен тие што признаа вина, обвинети во „Титаник“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, ексгенералниот секретар на тогашната влада, Кирил Божиновски, поранешниот пратеник Илија Димовски, некогашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, како и уште други 12 обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Пресуда за „Титаник“: Јанакиески и Јанкуловска добија затворски казни, Протуѓер условна

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор