Утрински Весник
Спорт

Одермарт далеку пред конкурентите во Аделбоден

Одермарт далеку пред конкурентите во Аделбоден

Марко Одермат во голем стил го прослави триумфот во велеслалом во Светскиот куп во Аделбоден. Швајцарецот беше најбрз во двете трки за 17 победи во кариерата, 11 во велеслалом севкупно.

dobivaj vesti na viber

Бранителот на Кристалниот глобус на целта стигна за 2:30.68 минути. Тој беше единствениот од сите на патеката кој имаше вкупно време под 2:31 минути.

Второто место го освои Норвежанецот Хенрик Кристоферсен со 73 стотинки послаб резултат, додека на најниското скалило на подиумот се искачи уште еден Швајцарец Луик Меилар.

Трката ја одбележа падот на Французинот Виктор Муфат-Жанде, кој излета од патеката во втората трка . На носилки бил префрлен во болница. Француските медиуми јавуваат дека Муфат-Жанде има исеченици на раката и модринки на лицето.

По овој триумф Одермат има 1046 бодови во генералниот пласман. Најблиску до него е Норвежанецот Килде со 617. Во поредокот за велеслалом најдобар е и Швајцарецот со 460, пред Кристоферсен со 345 бодови.

Можете да прочитате

Ќерката на Родман стана најплатена фудбалерка во светот

Бранителот на Купот Вардар против Охрид во четвртфиналето

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите