Утрински Весник
Македонија

Одбраната тврди дека 13-те мобилни не се на Камбери – вистинскиот сопственик сам се пријавил!

Whatsapp image 2025 12 02 at 09.50.27 1.jpeg

Откако на минатото рочиште одекна информацијата дека во ќелијата на обвинетиот Џеваир Камбери биле пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп, неговата одбрана денеска, пред почетокот на главната расправа, излезе со целосен демант, тврдејќи дека уредите не му припаѓаат нему.

Бранителот на Камбери пред судот соопшти дека во меѓувреме е утврден вистинскиот сопственик на забранетите предмети. „Детектиран е сопственикот на тие телефони и лаптопот, кој самиот се пријавил и признал. Тоа не е Камбери, со сигурност ви тврдам, и го молам судот да ја побара оваа информација од затворот“, изјави адвокатот.

Судијката Дијана Груевска Илиевска остана на ставот дека само ги пренела официјалните податоци добиени од управата на затворот: „Јас не тврдам, туку ја прочитав информацијата од затворот“.

Овој развој на настаните уследува откако претходно Камбери, обвинет за примање поткуп и фалсификување службена исправа за лиценците на „Пулс“, тврдеше дека „телефоните ги нашол во ќелијата кога влегол“.

Можете да прочитате

Левица: ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваше за криминал и злоупотреби во ЈП „Градски паркинг” – Орце сега повторно го назначи за директор

Георгиев до ЈО: Барам да ми се врати мобилниот телефон, цело време го плаќам и чист е!

Ахмети најави протест во Скопје за поддршка на поранешните водачи на ОВК