Утрински Весник
Македонија

Одбраната бара место за убиство на обвинетите во случајот Тот да им се суди за тепачка со смртни последици

Одбраната бара место за убиство на обвинетите во случајот Тот да им се суди за тепачка со смртни последици
Dik 300x250 mk

Одбраната на тројцата обвинети за убиство на ракометарот Денис Тот пред скопска дискотека во април годинава ќе докажува дека правната квалификација убиство не може да опстане. Адвокатите на обвинетите најавија дека откако ќе ги презентираат сите докази и судот и јавноста ќе се уверат дека обвинетите немале умисла за убиството. Адвокатите најавија дека ќе бараат делото да се преквалификува во тепачка со смртни последици, за што веќе, според нив, постоела судска пракса.

dobivaj vesti na viber

„На денешното рочиште дававме воведни говори како одбрана на обвинетите, јас како одбрана на мојот штитеник третообвинетиот Андреј Костовски. Она што одбраната ќе го докажува во текот на оваа постапка е дека не може да стане збор за оваа правна квалификација, односно не може да стане збор за убиство туку станува збор за некоја многу полесна правна квалификација. Сметам дека треба да се престане со праксата во сите предмети кои се актуелни за јавноста на обвинетите да им се ставаат многу потешки правни квалификации од она што Обвинителството може да го докаже и за што поседува докази. Сметам дека правната квалификација мора да се промени затоа што квалификаторен дел на оваа правна квалификација е токму умислата која Обвинителството на ниту еден начин не ја докажува, дури не ја ни спомна во својот воведен говор, а од исказите на сведоците произлегува нешто сосема друго“, рече Бранкица Миланова, бранител на обвинетиот Андреј Костовски.

На денешното судење почна главната расправа и се сослушуваа сведоци на одбраната. На судењето присуствуваше Игор Тот, татко на убиениот ракометар кој најави дека ќе бара оштета и очекува обвинетите да добијат соодветна казна доколку на судењето се утврди дека имаат има.

Можете да прочитате

Приведени девет лица, еве што најде полицијата кај нив

Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје

„Ќе ти средам за туѓа нега“ – измамен тетовец за 250 евра