Утрински Весник
Македонија

Одбиваше протести за 600 евра минимална плата – Ралповски именуван во УО на ПИОМ

Img 8516.jpeg

Синдикалниот лидер Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), е избран за нов член на Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), објави „Фокус“.

Ралповски, кој претходно одби да им се приклучи на барањата и протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата на 600 евра, во Управниот одбор ќе учествува како претставник на репрезентативен синдикат што членува во Економско-социјалниот совет – тело во кое се води социјалниот дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите. Неговото назначување било донесено на владина седница одржана на 3 февруари.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, претходно изјави дека Ралповски е „награден“ со позиција во управен одбор поради тоа што не се приклучил на синдикалните протести, но тогаш посочи дека станува збор за Фондот за здравствено осигурување.

Пред неколку дена, Ралповски престојуваше во Владата, каде заедно со претставници на Синдикатот на УПОЗ беше постигнат договор за етапно зголемување на платите на дел од администрацијата во управата и правосудството. По средбата, лидерот на КСС изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и до ресорните министри, особено до министерката за финансии.

Можете да прочитате

Укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Гостивар-Стража

Девет нови амбасадори – Муртезани нов амбасадор во НАТО, Мангова оди во Лондон, Салиеска Иљазоска во Хаг

Загина лице во сообраќајка во Скопје