Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Sobranie.webp.webp
300x250 opst2

Во претпладневниот дел од денешната амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година не беа прифатени 10 амандмани од пратениците од СДСМ и Левица. Министерството за финансии не прифати шест амандмани од СДСМ и четири амандмани од Левица.

Со амандманите на СДСМ се бараше да се одвојат средства за субвенционирање на фотоволтаични системи за покриви на домаќинствата, за субвенции за транспортни компании кои возилата ќе ги заменат со електрични возила, за изградба на ХЕЦ Градец и за изградба на гасоводна мрежа во Кавадарци.

Пратениците од Левица со поднесените амандмани бараа да се пренаменат средства од Министерството за одбрана наменети за НАТО и од Министерството за транспорт наменети за проектот „Бехтел и Енка“ да се наменат за изградба на Чебрен и Галиште, како и да одвојат средства за реконструкција и доградба на колекторскиот систем на Охридското Езеро и за мониторинг и контрола на Дојранското Езеро.

По барање на пратеникот Ријад Шаќири дадена е 30-минутна пауза, по што во собраниската Комисија за финансирање и буџет треба да продолжи амандманската расправа.

Можете да прочитате

Родители на загинатите во пожарот во „Пулс“ се соочија со поранешниот градоначалник Ратко Димитровски

До 15:30 часот гласале 5 385 болни или немоќни лица и 810 лица во затворите

Жена од САД добила на суд, „адвокат“ и бил Чат ГПТ