Утрински Весник
Спорт

Одбиена е жалбата: ЕХФ ги „олади“ Швеѓаните, нема да има реприза на натпреварот

Shv.jpg

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го отфрли протестот на Шведска по натпреварот против Франција, кој заврши на контроверзен начин со победа на галските петли благодарение на голот на Елоим Пранди во продолженијата.

Швеѓаните сметаат дека овој гол не требало да биде дозволен, бидејќи Пранди го постигнал од белата точка кога веќе истекло времето и ја поместил ногата за приземјување, што не е според правилата.

Македонските судии не реагираа, а правдата ја делеа Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, па Французите преку продолженијата успеаја да ја совладаат Шведска, која веќе имаше победа во нивните очи.

Во соопштението се наведува дека Швеѓаните се жалеле на тоа што Николов и Начевски не ни помислиле да користат ВАР технологија за проверка на голот.

Од ЕХФ наведуваат дека внимателно ја провериле дадената ситуација, а комисијата утврдила дека судиите имаат право, но не и обврска да го сторат тоа, што сигурно ќе ги налути навивачите во Шведска.

Нагласено е дека ВАР се користи само кога судиите имаат сериозни сомневања за правилната одлука што треба да ја донесат или не можат јасно да ја видат ситуацијата. Очигледно тогаш немаше дилема за Николов и Начевски.

Дури и делегатот може да побара преглед на ВАР технологијата, но и тој не се сетил да го направи тоа.

Затоа одлуката стана правосилна и протестот беше отфрлен.

Погледнете го контроверзниот гол.

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот