Утрински Весник
Македонија

Одбележувањето на патрониот празник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје

Ukim1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје, денеска и на 19 декември ќе го одбележи својот Патронат со низа свечени и културно-академски настани посветени на делото и значењето на Блаже Конески.

Централниот настан ќе се одржи денеска со почеток во 13:30 часот, во Амфитеатар 3 на Филолошкиот факултет. Во рамки на програмата ќе бидат доделени плакети на пензионирани колеги од Факултетот, како и наградите од конкурсот за студентски есеј „Блаже Конески“.

Во продолжение ќе следи промоција на нови изданија на Филолошкиот факултет, меѓу кои списанието „Современа филологија“, Том 8, број 1 (2025), монографијата „Книжевни преведувачи од Филолошкиот факултет“, Зборникот во чест на деведесетгодишнината од раѓањето на проф. д-р Волфганг Моч, како и делата „Француско-македонски јазични паралели“, „Турската кинематографија – Историја, развој и влијание“ и „Циклусот за светулките на Матеја Матевски“. 

Настанот ќе биде заокружен со повеќејазично поетско читање на студентите учесници на Преведувачката работилница, по што, во 15:00 часот, ќе следи пригоден коктел во Библиотеката за македонска книжевност и култура.

Според програмата во петок (19 декември) предвидено е полагање цвеќе на гробот на Блаже Конески, а на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во 18:00 часот ќе бидат промовирани „Зборник Како си ми? бр. 9“ и „Островски 200 години“ , по што ќе биде одржана студентска книжевна вечер „Протоѕвезда” во чест на Блаже Конески.

Со оваа програма, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ уште еднаш ја потврдува својата улога како значаен центар на филолошката мисла, културата и образованието во земјава.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Кризата на доверба во правдата доведе до прекинување на функцијата на јавниот обвинител

НСДП прослави јубилеј 20 години од основањето на партијата

СДСМ: Дефокус – старата политика од кујните на ДПМНЕ